ТРАМП НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГО СМЕНИ ШЕФОТ НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА НА САД ЗАШТО НЕ ГИ НАМАЛУВА КАМАТНИТЕ СТАПКИ КАКО ЕВРОПА

    ТРАМП НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГО СМЕНИ ШЕФОТ НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА НА САД ЗАШТО НЕ ГИ НАМАЛУВА КАМАТНИТЕ СТАПКИ КАКО ЕВРОПАТрамп го нападна Џером Пауел откако тој кажа дека новите царини ќе го погодат економскиот раст на САД (Фото: АП)

    Доналд Трамп жестоко го нападна шефот на централната банка во САД, Џером Пауел, зашто не ги намалува каматните стапки, додавајќи дека „неговата смена не може да дојде доволно брзо“. Тој ги обнови критиките кон Пауел откако Европската централна банка (ЕЦБ) третпат ги намали каматните стапки оваа година, образложувајќи го тоа со растечките трговски тензии.

    Трамп, кој го номинираше Пауел за шеф на Федерални резерви на САД во 2017, кажа дека тој секогаш носи задоцнети и погрешни одлуки.

    Нафтата поевтини, намирниците, дури и јајцата поевтинија, а САД се збогатуваат од царини. Пауел одамна требаше да ги намали каматните стапки како што направи ЕЦБ, но може да го направи тоа и сега“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Трамп го нападна Пауел откако тој кажа дека новите царини ќе го погодат економскиот раст на САД и ќе ги зголемат цените за потрошувачите.

    Нивото на досега објавените покачувања на царините е значително поголемо од предвиденото. Истото веројатно ќе важи и за економските ефекти, кои ќе вклучуваат повисока инфлација и побавен раст“, изјави Пауел.

    Трамп, пак, смета дека царините ќе ги поттикнат производството и работните места во САД, додека економистите предупредија дека можат да доведат до инфлацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира