ТРАМП НАЈАВИ НАМАЛУВАЊЕ НА ВОЕНИТЕ ОПЕРАЦИИ ПРОТИВ ИРАН ДОДЕКА САД ИСПРАЌААТ ЗАСИЛУВАЊЕ НА БЛИСКИ ИСТОК

    ТРАМП НАЈАВИ НАМАЛУВАЊЕ НА ВОЕНИТЕ ОПЕРАЦИИ ПРОТИВ ИРАН ДОДЕКА САД ИСПРАЌААТ ЗАСИЛУВАЊЕ НА БЛИСКИ ИСТОКПо три недели војна, Иран и натаму е способен да лансира проектили кон Израел и соседните заливски земји (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека размислува за намалување на воените операции против Иран, иако САД испраќаат уште три амфибиски јуришни брода со околу 2.500 маринци на Блиски Исток.

    Војната денеска влезе во четвртата недела и не покажува знаци на смирување, при што Иран и натаму е способен да лансира проектили кон Израел и соседните заливски земји.

    Блиску сме до остварувањето на нашите цели и размислуваме за намалување на нашите големи воени напори на Блиски Исток“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

    Во исто време, неговата администрација презема чекори за зајакнување на американската огнена моќ во регионот и побара дополнителни 200 милијарди долари од Конгресот за финансирање на војната. Американски функционери изјавија дека САД испраќаат три јуришни брода на Блиски Исток и дека се прават специфични планови за можно распоредување копнени трупи во Иран. На Блиски Исток веќе се распоредени 50.000 американски војници.

    Трамп претходно им рече на новинарите дека не планира да испрати копнени трупи никаде, но и ако размислува за тоа, не би им кажал.

    Сите опции се отворени“, рече Трамп.

    Си-Би-Ес њуз“ објави дека САД прават стратегија за запленување на иранскиот нуклеарен материјал, за што би била испратена елитна воена единица. Сепак, додаваат извори, Трамп засега не донесол одлука за ваква операција.

    Работата на Пентагон е да направи подготовки“, кажаа од Белата куќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира