ТРАМП НАЈАВИ НОВИ ВИСОКИ ЦАРИНИ ЗА КИНА, КАНАДА И МЕКСИКО ВО ОБИД ДА СПРЕЧИ ШВЕРЦ НА ДРОГА ВО САД

    ТРАМП НАЈАВИ НОВИ ВИСОКИ ЦАРИНИ ЗА КИНА, КАНАДА И МЕКСИКО ВО ОБИД ДА СПРЕЧИ ШВЕРЦ НА ДРОГА ВО САДАко Трамп ги оствари своите закани, тоа би можело да предизвика трговски војни (Фото: АП)

    Доналд Трамп најави дека ќе воведе нови високи царини за Канада, Мексико и Кина на првиот ден по враќањето во Белата куќа во обид да ги натера да спречат илегална имиграција и шверц на дрога.

    Тој кажа дека веднаш по инаугурацијата на 20 јануари ќе потпише извршен указ за нови царини од 25% за сите производи кои влегуваат во земјата од Канада и Мексико, додека за Кина ќе има дополнителни царини од 10% сѐ додека тамошната влада не го блокира шверцот на синтетичката дрога фентанил во САД.

    Ако Трамп ги оствари овие закани, тоа би можело да предизвика трговски војни и големо засилување на тензиите со трите најголеми трговски партнери на Америка.

    Царините за Мексико и Канада ќе останат на сила сѐ додека двете земји не го спречат влегувањето на мигрантите и дрогите, првенствено фентанилот, преку границата. Тие имаат апсолутно право и моќ да го решат овој долготраен проблем. Време е да платат висока цена“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Во друга објава, тој ја нападна Кина што не ги исполнила своите ветувања дека ќе ги осудува на смртна казна оние кои шверцуваат фентанил.

    Идејата дека Кина свесно дозволува проток на фентанилот во САД е спротивна на фактите и реалноста. Никој нема да победи во оваа трговска или царинска војна“, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон.

    Се проценува дека речиси 75.000 Американци починале од предозирање со фентанил минатата година и владата на Бајден го повикуваше Пекинг да чини повеќе за да го спречи производството на состојките потребни за правење на оваа дрога.

    Царините се централен дел од економската визија на Трамп, кој ги смета за начин за економски раст, заштита на работните места и зголемување на даночните приходи. Тој претходно тврдеше дека овие давачки нема ништо да ги чинат Американците, туку други држави, што економистите го опишаа како погрешно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира