ТРАМП НАРЕДИ ОБЈАВУВАЊЕ НА СИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА УБИСТВАТА НА ЏОН КЕНЕДИ, РОБЕРТ КЕНЕДИ И МАРТИН ЛУТЕР КИНГ

    ТРАМП НАРЕДИ ОБЈАВУВАЊЕ НА СИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА УБИСТВАТА НА ЏОН КЕНЕДИ, РОБЕРТ КЕНЕДИ И МАРТИН ЛУТЕР КИНГИ Трамп и Џо Бајден претходно објавија голем број документи, но илјадници и натаму се делумна или јавна тајна (Фото: АП)

    Доналд Трамп им нареди на официјалните лица да подготват планови за декласифицирање на документите за убиствата на Џон Кенеди, Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг.

    Многумина луѓе го чекаа ова долго време, со години, со децении. Се ќе биде објавено“, кажа Трамп, потпишувајќи ја извршната наредба.

    Во наредбата стои дека план за објавување на документите мора да биде презентиран во рок од 15 дена.

    Претседателот Џон Кенеди беше убиен во Далас во 1963, а пет години подоцна беше извршен атентат врз неговиот брат Роберт Кенеди, чиј син Роберт Џуниор е министер за здравство во владата на Трамп. Во 1968 беше убиен и Мартин Лутер Кинг.

    Многу документи поврзани со овие истраги беа објавени во меѓувреме, но илјадници и натаму остануваат недостапни за јавност, особено оние во врска со атентатот врз Џон Кенеди. Владина комисија утврди дека атентаторот Ли Харви Освалд делувал сам, но бројни неодговорени прашања продолжија да го обременуваат овој случај.

    Во 1992, Конгресот усвои закон за објавување на сите документи од истрагата во следните 25 години. И Трамп и Џо Бајден објавија голем број документи, но илјадници и натаму се делумна или јавна тајна.

    Роберт Кенеди беше убиен од Палестинецот Сирхан Сирхан, а Мартин Лутер Кинг од белиот националист Џејмс Ерл Реј, но останаа сомнежи дали тие делувале сами.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира