Доналд Трамп ја назначи својата поранешна адвокатка Линдзи Халиган за обвинителка на Источниот округ на Вирџинија, неколку часа откако побара од јавната обвинителка Пем Бонди да биде поагресивна во прогонот на неговите политички непријатели.
„Пем Бонди одлично си ја врши работата како јавна обвинителка на САД, но потребен е поцврст обвинител во Источниот округ на Вирџинија, како што е мојот предлог Линдзи Халиган, за да се придвижат работите“, кажа Трамп.
Тој претходно ја искара Бонди дека не е преземено ништо во врска со потенцијалните обвиненија против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, сенаторот од Калифорнија Адам Шиф и главната обвинителка на Њујорк, Летиша Џејмс.
„Не можеме повеќе да одложуваме. Тоа ги убива моите репутација и кредибилитет. Тие ме отповикаа двапати и ме осудија петпати. За ништо. Мора да има правда“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Трамп цврсто стоеше зад Бонди во изминатите месеци, и покрај критиките од неговата политичка база за нејзиното справување со досиејата на Џефри Епстајн. Тој смени бројни министри и советници во првиот мандат, но во првите осум месеци од вториот мандат одржа релативно стабилен персонал.