Доналд Трамп ставил вето на израелски план да се убие иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи, изјавија двајца американски функционери за „Ројтерс“.
„Дали Иранците имаат убиено Американец досега? Не. Дотогаш, нема ни да збориме за елиминацијата на иранското политичко раководство“, рекол еден извор.
Тој кажал дека високи американски функционери биле во постојат контакт со израелските власти во деновите пред да почне нападот врз Иран. Израелците притоа ги известиле дека имаат шанса да го убијат иранскиот врховен водач, но Трамп го отфрлил планот.
Од почетокот на конфликтот Израел уби 20-ина високи заповедници на иранската војска, вклучувајќи го началникот на генералштабот на вооружените сили и шефот на Револуционерната гарда.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека израелската воена операција би можела да резултира со промена на режимот во Иран.
„Тоа би можело да се случи, зашто иранскиот режим е многу слаб. Народот не е зад него, 80% од народот не го поддржува“, кажа Нетанјаху.