ТРАМП ОБЈАВИ ВОВЕДУВАЊЕ ЦАРИНИ ЗА МЕКСИКО, КАНАДА И КИНА, ВО ИДНИНА И ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА

    ТРАМП ОБЈАВИ ВОВЕДУВАЊЕ ЦАРИНИ ЗА МЕКСИКО, КАНАДА И КИНА, ВО ИДНИНА И ЗА ЕВРОПСКА УНИЈАТрамп кажа дека трите држави не можат да направат ништо за да ги одложат царините (Фото: АП)

    Доналд Трамп денеска ќе воведе царини од 25% за Мексико и Канада и царини од 10% за Кина, објави Белата куќа. Сепак, канадската нафта ќе биде погодена со помали царини од 10%, што ќе стапи на сила на 18 февруари.

    Трамп планира да воведе царини и за Европската Унија во иднина, велејќи дека таа не се однесувала добро кон САД.

    Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, изјави дека царините за Канада и Мексико се „одговор на нелегалниот фентанил што тие го набавуваат и дозволуваат да се дистрибуира во САД, убивајќи десетици милиони Американци“. Трамп претходно кажа дека царините се поврзани и со илегалната имиграција и трговскиот дефицит.

    Канада, Мексико и Кина не можат да направат ништо за да ги одложат царините. Имаме голем трговски дефицит со сите нив. Ова ќе овозможи многу пари да влезат во САД“, изјави Трамп.

    Тој најави царини и за увоз на челик, алуминиум, бакар, лекови и полупроводници.

    Кина, Канада и Мексико се главните трговски партнери на САД и тие сочинуваа 40% од севкупниот американски увоз лани.

    Тоа не е она што го сакаме, но ако Трамп воведе царини, и ние ќе дејствуваме“, кажа канадскиот премиер во оставка Џастин Трудо.

    Трамп со недели се закануваше со царини, велејќи дека ќе бидат воведени на 1 февруари и ќе останат на сила додека трите земји не направат повеќе за да го запрат протокот на мигранти и фентанил во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира