ТРАМП ОБВИНЕТ ЗА 34 КРИВИЧНИ ДЕЛА, СЕ ИЗЈАСНИ КАКО НЕВИН

    ТРАМП ОБВИНЕТ ЗА 34 КРИВИЧНИ ДЕЛА, СЕ ИЗЈАСНИ КАКО НЕВИНТрамп денеска стана првиот американски претседател кој бил уапсен (Фото: АП)

    Доналд Трамп се изјасни како невин откако во судот во Долен Менхетн во Њујорк беше обвинет за 34 кривични дела, вклучувајќи и фалсификување на деловни извештаи. Ова следува откако денеска стана првиот американски претседател во историјата кој бил уапсен, што формално се случи по неговото пристигнување во судот.

    Трамп ја напушти судницата по еден час без да даде изјава за медиумите. Се очекува тој да се врати во Флорида, од каде што подоцна ќе ѝ се обрати на јавноста.

    Целиот случај е поврзан со исплатата на 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016, која сама по себе не е незаконска, но обвинителството на Менхетн истражуваше дали притоа имало фалсификување на деловни извештаи. Трамп негира дека имал сексуален однос со Даниелс во 2006, која пред изборите се обидела да ја продаде својата приказна на медиумите. За да ја замолчи, Трамп преку својот адвокат Мајкл Коен ѝ платил 130.000 долари.

    Засега не е познато кога ќе почне судењето, но би можеле да поминат месеци.

    Њујоршкиот закон го класифицира фалсификувањето на деловни извештаи како кривично дело од Е класа, што е најнизок степен на кривично дело и се казнува со не повеќе од една година затвор. Сепак, во комбинација со други кривични дела може да донесе и четири години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира