ПРЕД ДА ГО ОТПУШТИ, ТРАМП БАРАЛ ОД ДИРЕКТОРОТ НА ФБИ ЛОЈАЛНОСТ КОН НЕГО И ДА ЈА ПРЕКИНЕ ИСТРАГАТА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА ИЗБОРИТЕ

    ПРЕД ДА ГО ОТПУШТИ, ТРАМП БАРАЛ ОД ДИРЕКТОРОТ НА ФБИ ЛОЈАЛНОСТ КОН НЕГО И ДА ЈА ПРЕКИНЕ ИСТРАГАТА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА ИЗБОРИТЕДоналд Трамп му кажал на отпуштениот директор на ФБИ дека истрагата околу вмешаноста на Русија во претседателските избори „создала облак околу него“ и го прашал Коми што може да се стори за да се „растури облакот“ (Фото: Ројтерс)

    Поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми во четврток ќе сведочи пред Конгресот дека претседателот Доналд Трамп му кажал на една вечера: „Очекувам лојалност“.

    Според неговата првична јавна пишана изјава објавена вечерва од американските медиуми, Коми исто така ќе каже дека претседателот побарал од него да ја прекине истрагата околу националниот советник за безбедност Мајк Флин кој си даде оставка.

    Доналд Трамп му кажал на тогашниот директор на ФБИ дека истрагата околу вмешаноста на Русија во претседателските избори „создала облак околу него“ и го прашал Коми што може да се стори за да се „растури облакот“.

    Во очекуваното сведочење во четврток пред Комитетот за разузнавање на Сенатот Коми во детали ќе ги објасни неговите интеракции со Трумп сè до неговото отпуштање на 9 мај.

    Ќе каже дека неговиот прв состанок со претседателот се случил на 6 јануари во конференциска сала во Трамп Тауер, каде Коми го брифирал за „сензационалистичките и непроверените“ обвинувања за него. Досие составено од службеник во Британската служба за разузнавање тврди дека руските безбедносни служби имаат компромитирачки материјали за Трумп, вклучувајќи и тоа дека бил снимен како користи услуги од проститутки во московски хотел.

    Коми во својата изјава кажа дека претседателот одрекува дека бил „инволвиран со курви во Русија“.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира