ТРАМП ОСВОИ 86 ЕЛЕКТОРСКИ ГЛАСОВИ ПОВЕЌЕ ОД ХАРИС И СО СИЛЕН МАНДАТ СЕ ВРАЌА ВО БЕЛАТА КУЌА

    ТРАМП ОСВОИ 86 ЕЛЕКТОРСКИ ГЛАСОВИ ПОВЕЌЕ ОД ХАРИС И СО СИЛЕН МАНДАТ СЕ ВРАЌА ВО БЕЛАТА КУЌАТрамп победи во сите седум колебливи сојузни држави (Фото: АП)

    Доналд Трамп се враќа во Белата куќа со исклучително силен мандат откако беше објавено дека победил и во Аризона, последната сојузна држава која го доврши броењето гласови на претседателските извори. Републиканецот на крајот освои 312 електорски гласови, 86 повеќе од Камала Харис, иако во предизборната кампања се предвидуваше една од најнеизвесните трки во историјата на САД.

    Тој исто така победи во сите седум колебливи сојузни држави, во кои вистински се решава исходот на изборите. Трамп уште во средата, ден по изборите, го надмина потребниот праг од освоени 270 електорски гласови.

    Пред четири години, Џо Бајден победи во шест од седумте колебливи сојузни држави, освојувајќи 306 електорски гласови, со колку што Трамп стана претседател во 2016.

    За Трамп сега гласале 74,6 милиони Американци (50,4%), а за Харис речиси 71 милион (47,9%).

    Веќе е јасно дека Републиканците ќе имаат мнозинство во Сенатот и се блиску до обезбедување контрола во Претставничкиот дом. Таму досега имаат потврдено 213 места од потребните 218, додека Демократите се на 205.

    Бајден и Трамп в среда ќе се сретнат во Белата куќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира