ТРАМП ПАК ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД ПАРИСКИОТ КЛИМАТСКИ ДОГОВОР

    ТРАМП ПАК ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД ПАРИСКИОТ КЛИМАТСКИ ДОГОВОРТрамп е скептичен кон глобалното загревање, што го опишува како измама (Фото: АП)

    Доналд Трамп уште еднаш ќе ги повлече САД од Парискиот климатски договор, објави Белата куќа. Со оваа одлука, САД ќе станат една од ретките држави кои не се членки на овој договор од 2015, покрај Либија, Јемен и Иран.

    Со овој договор, владите се согласија да го ограничат глобалното загревање на 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа со цел да се избегнат најлошите ефекти на климатските промени.

    Објавата на Белата куќа го одразува скептицизмот на Трамп кон глобалното загревање, што тој го опишува како измама и е во рамките на неговите ветувања за зголемување на ископувањата на нафтата и природниот гас. САД се веќе најголемиот светски производител на нафта и природен гас.

    Трамп ги повлече САД од Парискиот климатски договор и во својот прв мандат, што беше поништено од Џо Бајден во 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира