ТРАМП ПОКАНИ ПАСТОРИ ВО БЕЛАТА КУЌА ЗА ДА СЕ МОЛАТ СО НЕГО

    ТРАМП ПОКАНИ ПАСТОРИ ВО БЕЛАТА КУЌА ЗА ДА СЕ МОЛАТ СО НЕГОПасторите побараа божествено водство и мудрост за Трамп во овие предизвикувачки времиња (Фото: Икс)

    Доналд Трамп покани во Белата куќа група пастори од целата земја, каде што се молеа со него среде војната со Иран.

    Положувајќи ги рацете врз него, пасторите побараа божествено водство и мудрост за Трамп во она што го опишаа како предизвикувачки времиња, а се молеа и за заштита на вооружените сили на САД.

    „Се молам за ваша милост и ваша заштита над него. Се молам за ваша милост и ваша заштита над нашите војници и сите мажи и жени кои служат во нашите вооружени сили. Се молиме да продолжите да му давате сила на нашиот претседател, што му е потребна за да ја води нашата нација“, рече пасторот Том Малинс, кој ја водеше молитвата.

    Снимката што ја објави заменик-шефот на кабинетот Ден Скавино го прикажува Трамп како седи замижан на своето биро, додека евангелистичките пастори стојат околу него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира