ТРАМП ПОСТИГНА ТРГОВСКИ ДОГОВОР СО ЕВРОПСКА УНИЈА СО ЦАРИНИ ОД 15%

    ТРАМП ПОСТИГНА ТРГОВСКИ ДОГОВОР СО ЕВРОПСКА УНИЈА СО ЦАРИНИ ОД 15%Трамп и Фон дер Лајен се сретнаа во Шкотска (Фото: АП)

    Доналд Трамп објави дека постигнал трговски договор со Европска Унија откако денеска во Шкотска се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Трамп кажа дека увозот од ЕУ ќе се царини со 15%, откако претходно се закануваше со двојно поголеми давачки.

    Постигнавме договор. Тој е добар за сите. Ќе нѐ зближи повеќе, тоа е разумно партнерство. Договорот ќе биде одличен за автомобилите и ќе има големо влијание врз земјоделството“, изјави Трамп, кој дојде во приватна четиридневна посета на Шкотска, првенствено за да игра голф на своите терени.

    Фон дер Лајен кажа дека ова е огромен договор што уследи по тешки преговори.

    Покрај договорот за царините, Брисел ветил инвестиции и купување американски енергенси во вредност од милијарди долари.

    Вкупната трговска размена помеѓу САД и ЕУ изнесувала 975,9 трилиони долари во 2024, што е речиси една третина од глобалната трговија на добра и услуги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира