ТРАМП ПРЖЕШЕ ПОМФРИТ И ЈА ОБВИНИ ХАРИС ДЕКА ЛАЖЕ ДЕКА НЕКОГАШ РАБОТЕЛА ВО „МЕКДОНАЛДС“

    ТРАМП ПРЖЕШЕ ПОМФРИТ И ЈА ОБВИНИ ХАРИС ДЕКА ЛАЖЕ ДЕКА НЕКОГАШ РАБОТЕЛА ВО „МЕКДОНАЛДС“Трамп се појави во ресторан на „Мекдоналдс“ во предградие на Филаделфија, каде што учеше да пржи компирчиња (Фото: АП)

    Камала Харис и Доналд Трамп ги засилија меѓусебните лични напади додека двајцата кандидати за Белата куќа ги обиколуваат клучните сојузни држави на нешто повеќе од две недели до изборите.

    Во Пенсилванија, Трамп служеше помфрит во ресторан на „Мекдоналдс“, фрлајќи сомнеж врз детал од биографијата на Харис дека пред повеќе децении работела во овој ланец за брза храна. Тој се појави во „Мекдоналдс“ во предградие на Филаделфија, каде што учеше да пржи компирчиња и служеше оброци на муштерии во автомобили.

    Ми се допаѓа оваа работа“, кажа Трамп и ја обвини Харис дека лажела дека некогаш работела во „Мекдоналдс“.

    Сега имам работено во ‘Мекдоналдс‘ 15 минути повеќе од неа“, додаде Трамп.

    Во биографијата на Харис за кампањата стои дека таа работела во ресторан на „Мекдоналдс“ во Аламеда во Калифорнија во летото 1983.

    Харис, која вчера наполни 60 години, беше во Џорџија, каде што кажа дека Трамп е исцрпен, нестабилен и неподобен да биде претседател на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира