ТРАМП САКА ДОГОВОР ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ДО 8 АВГУСТ, КАЖАА САД ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    ТРАМП САКА ДОГОВОР ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ДО 8 АВГУСТ, КАЖАА САД ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИВо денешниот руски напад врз Киев загинаа најмалку 15 луѓе (Фото: АП)

    Доналд Трамп јасно стави до знаење дека сака договор за завршување на војната во Украина до 8 август, изјавија САД во Советот за безбедност на Обединетите нации.

    „И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е да се постигне договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека ова мора да се направи до 8 август. САД се подготвени да спроведат дополнителни мерки за обезбедување мир“, изјави високиот американски дипломат Џон Кели.

    Трамп во вторникот изјави дека САД за десет дена ќе почнат да воведуваат царини и други мерки за Русија доколку Москва не покаже напредок кон прекинување на војната во Украина.

    Киев и Москва одржаа три рунди разговори во Истанбул оваа година, кои резултираа со размена на затвореници и тела, но не и со напредок во смирувањето на повеќе од тригодишниот конфликт.

    „Имаме намера да ги продолжиме преговорите во Истанбул“, изјави заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Дмитри Пољански, но додаде:

    „И покрај овие состаноци, желбата за војна на запад не исчезна. Продолжуваме да ги слушаме гласовите на оние кои мислат дека дипломатијата е само начин за критикување на Русија и вршење притисок врз неа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира