ТРАМП СЕ ВМЕША ВО ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЊУЈОРК, ГО ПОДДРЖА ДЕМОКРАТОТ КУОМО САМО ДА НЕ ПОБЕДИ ЛЕВИЧАРОТ МАМДАНИ

    ТРАМП СЕ ВМЕША ВО ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЊУЈОРК, ГО ПОДДРЖА ДЕМОКРАТОТ КУОМО САМО ДА НЕ ПОБЕДИ ЛЕВИЧАРОТ МАМДАНИЗохран Мамдани би можел да стане првиот муслимански градоначалник на Њујорк, а се опишува себеси како демократски социјалист (Фото: АП)

    Доналд Трамп се вмеша во претстојните избори за градоначалник на Њујорк, при што го поддржа демократот Ендрју Куомо и ги повика гласачите да не гласаат за левичарот Зохран Мамдани, кој важи за фаворит.

    Без разлика дали лично ви се допаѓа Куомо или не, вие всушност немате избор. Мора да гласате за него и да се надевате дека ќе заврши фантастична работа. Тој е способен за тоа, Мамдани не е“, кажа Трамп.

    Коумо е долгогодишен критичар на Трамп и поранешен гувернер на Њујорк кој учествува на изборите како независен кандидат откако Мамдани го победи на внатрепартиските избори.

    Трамп не ме поддржува, тој е против Мамдани“, изјави Куомо.

    Анкетите покажуваат дека кандидатот на Демократската партија Зохран Мамдани е фаворит пред Куомо, а републиканецот Кертис Слива е далеку на третото место. Трамп одби да му даде поддршка на Слива.

    Глас за Слива е глас за Мамдани“, кажа тој.

    Трамп се закани дека драстично ќе ги намали федералните средства за Њујорк ако победи Мамдани, кого го опиша како комунист.

    Ќе ми биде тешко да давам многу пари за Њујорк. Зашто ако комунист го води Њујорк, тоа е само залудно фрлање пари“, кажа Трамп.

    Триесет и четиригодишниот Мамдани, кој потекнува од Уганда, би можел да стане првиот муслимански градоначалник на Њујорк. Тој се опишува себеси како демократски социјалист и ги отфрла обвинувањата дека е комунист. За својот конкурент Куомо вели дека е марионета и папагал на Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира