ТРАМП СЕ ЗАКАНИ СО „ПЕКОЛ“ АКО ИРАН НЕ ГО ОТВОРИ ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ ДО ПОНЕДЕЛНИК, РУСИЈА ГИ ЕВАКУИРА ВРАБОТЕНИТЕ ОД НУКЛЕАРКАТА БУШЕР ПО ВОЗДУШЕН НАПАД

    ТРАМП СЕ ЗАКАНИ СО „ПЕКОЛ“ АКО ИРАН НЕ ГО ОТВОРИ ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ ДО ПОНЕДЕЛНИК, РУСИЈА ГИ ЕВАКУИРА ВРАБОТЕНИТЕ ОД НУКЛЕАРКАТА БУШЕР ПО ВОЗДУШЕН НАПАДНа 27 февруари, американскиот претседател го продолжи рокот за отворање на оваа клучна транспортна рута за уште десет дена, односно до 6 април. (Фото: ДПА)

    Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека врз Иран „ќе се истури целиот пекол“ доколку земјата не го отвори Ормутскиот теснец до понеделник. Трамп во објава на својата апликација „Трут Соушл“ напиша дека времето истекува и оти остануваат уште 48 часа до крајниот рок што го постави за постигнување договор или деблокада на стратешкиот воден пат.

    На 27 февруари, американскиот претседател го продолжи рокот за отворање на оваа клучна транспортна рута за уште десет дена, односно до 6 април. Оваа последна закана доаѓа во време кога руската државна нуклеарна компанија „Росатом“ веќе евакуираше 198 свои вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран. Според руската агенција Интерфакс, централата денеска била цел на воздушен напад.

    Извршниот директор на „Росатом“, Алексеј Лихачов, изјави дека евакуацијата започнала веднаш по нападот, а вработените со автобуси се упатиле кон иранско-ерменската граница. Иранските медиуми соопштија дека во нападот е оштетена помошна зграда во близина на централата и оти загинало едно лице, за што ги обвинија САД и Израел. Загинатиот е ирански државјанин кој работел во обезбедувањето на објектот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира