ТРАМП СЕГА МОЖЕ ДА ЈА РАСПОРЕДИ НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА КАДЕ БИЛО, КАЖА ГУВЕРНЕРОТ НА КАЛИФОРНИЈА И НАЈАВИ ТУЖБА ПРОТИВ ВЛАДАТА

    ТРАМП СЕГА МОЖЕ ДА ЈА РАСПОРЕДИ НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА КАДЕ БИЛО, КАЖА ГУВЕРНЕРОТ НА КАЛИФОРНИЈА И НАЈАВИ ТУЖБА ПРОТИВ ВЛАДАТАЛокалните власти ги повикаа демонстрантите да бидат мирни и да не предизвикуваат насилство и хаос (Фото: АП)

    Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом кажа дека ќе ја тужи владата на Доналд Трамп зашто распореди илјадници припадници на Националната гарда без негово одобрение. Трамп донесе ваква одлука за да спречи немири кои избувнаа поради рациите на федералните агенти за имиграција и кажа ако треба, ќе ја повика и војската.

    Ова е точно она што Доналд Трамп го сакаше. Тој го потпали огнот и делуваше незаконски за да ја федерализира Националната гарда. Наредбата што ја потпиша не се однесува само на Калифорнија. Тоа му овозможува да го направи истото во која било друга сојузна држава. Ќе го тужиме“, напиша Њусом на Икс.

    Тој претходно го опиша распоредувањето како неуставен чин. Портпаролката на Белата куќа Керолајн Ливит изјави дека Њусом не презел ништо за да ги спречи нередите, кои траат со денови.

    Во Лос Анџелес и денеска се очекуваат маршеви и демонстрации, четврти ден по ред, иако полицијата објави дека се забрануваат сите протести и собири во центарот на градот и им порача на луѓето да си одат дома. Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците, при што блокираа важна сообраќајница, фрлаа предмети и запалија автомобили, додека полицијата возврати со солзавец и гумени куршуми.

    Локалните власти ги повикаа демонстрантите да бидат мирни и да не предизвикуваат насилство и хаос.

    Не ѝ давајте на владата она што го сака. Нашата сила е во единството, не хаос“, кажа градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас.

    Началникот на градската полиција Џим Мекдонел изјави дека луѓето имаат право да протестираат мирно, но насилството што го видел од некои е одвратно и протестите излегуваат од контрола. Полицијата соопшти дека уапсила 10 лица во неделата и 29 претходната вечер, додавајќи дека апсењата продолжуваат.

    Донесовме одлична одлука кога ја испративме Националната гарда да се справи со насилните немири во Калифорнија. Да не го направевме тоа, Лос Анџелес ќе беше целосно збришан. Гувернерот Њусом и градоначалничката Бас се неблагодарни. Само еден поглед на сликите и видеата од насилството и уништувањето ви кажува сѐ што треба да знаете. Секогаш ќе правиме сѐ што е потребно за да ги зачуваме нашите граѓани безбедни, за да можеме заедно да ја направиме Америка повторно голема“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира