ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА БИЛ ЖРТВА НА ТРОЈНА САБОТАЖА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И ПОБАРА ИСТРАГА

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА БИЛ ЖРТВА НА ТРОЈНА САБОТАЖА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И ПОБАРА ИСТРАГАПред да го почне говорот на Генералното собрание, на Трамп му откажа телесуфлерот (Фото: АП)

    Доналд Трамп побара истрага за она што го нарече тројна саботажа при неговата посета на Обединетите нации во вторникот. Во објава на социјалните мрежи, тој ги посочи наглото запирање на ескалаторот, откажувањето на телесуфлерот пред да го почне говорот и проблемите со звукот во аудиториумот.

    Од Обединетите нации кажаа дека ескалаторот наеднаш запрел кога Доналд и Меланија Трамп стапнаа на него откако, како што било утврдено, неговиот видеографер случајно го притиснал безбедносниот механизам. Пред да го почне говорот на Генералното собрание, на Трамп му откажа и телесуфлерот, со кој управувал некој од Белата куќа, а не од ОН.

    Трамп ги критикуваше инцидентите и кажа дека му пишал на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, веднаш да спроведе истрага.

    Вистинска срамота се случи во Обединетите нации. Не еден, не два, туку три многу злокобни настани. Ова не беше случајност, ова беше тројна саботажа во ОН. Нека се засрамат“, кажа Трамп.

    Тој побара да бидат уапсени луѓето одговорни за инцидентот со ескалаторот, додека американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц, кажа дека инцидентите се неприфатливи и побара официјална истрага.

    Ако некој во ОН намерно го запрел ескалаторот кога претседателот и првата дама стапнаа на него, тогаш треба да има истрага и некој треба да добие отказ“, рече во вторникот портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира