ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА САД ТЕСНО СОРАБОТУВААТ СО ИРАН И НАЈАВИ ЦАРИНИ ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ МУ ПРОДАВААТ ОРУЖЈЕ

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА САД ТЕСНО СОРАБОТУВААТ СО ИРАН И НАЈАВИ ЦАРИНИ ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ МУ ПРОДАВААТ ОРУЖЈЕСлавје на улиците на Техеран откако беше прогласен прекин на огнот (Фото: АП)

    Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа, велејќи дека САД ќе соработуваат тесно со Иран откако „земјата поминала низ промена на режимот“.

    Иран нема да збогатува ураниум и заедно со него ќе копаме за да ја отстраниме нуклеарната прашина, што беше закопана длабоко од американските бомбардери. Таа е сега под сателитски надзор и ќе остане така. Разговараме и ќе разговараме со Иран за ублажување на царините и санкциите. Многу од 15-те точки се веќе договорени“, рече Трамп.

    Тој исто така им се закани со царини на земјите кои му продаваат оружје на Иран.

    Земја што испорачува оружје на Иран веднаш ќе добие царина од 50% за сите производи продадени во САД, што веднаш стапува во сила. Нема да има исклучоци или ослободувања“, додаде Трамп.

    Тој ноќеска во последен момент го продолжи ултиматумот за Иран, суспендирајќи ги сите напади на две недели, откако претходно се закани со „уништување на цела цивилизација“ ако не се постигне договор. Израел го поддржа примирјето и објави дека запира со нападите врз Иран, додека истовремено продолжи со акциите против Хезболах во Либан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира