ТРАМП ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ЗАШТО ГИ ИЗЕДНАЧИЛ ИЗРАЕЛ И ХАМАС

    ТРАМП ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ЗАШТО ГИ ИЗЕДНАЧИЛ ИЗРАЕЛ И ХАМАСТрамп ја потпиша наредбата за време на посетата на Нетанјаху на Вашингтон (Фото: АП)

    Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која воведе санкции за Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, обвинувајќи го за неосновани и незаконски дејства против Америка и Израел. Мерката предвидува финансиски и визни ограничувања за поединците и нивните семејства кои помагаат во истрагите на судот против Америка и нејзините сојузници.

    Трамп ја потпиша наредбата за време на посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон.

    Минатиот ноември, МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху поради наводни воени злосторства во Газа, како и против заповедник на Хамас. Белата куќа сега го обвини судот за „срамно морално изедначување“ на Хамас и Израел.

    Неодамнешните дејства на судот поставуваат опасен преседан што ги загрозува Американците и ги изложува на вознемирување, злоставување и можно апсење. Судот става ограничувања на правото на Израел на самоодбрана, додека истовремено ги игнорира Иран и антиизраелските групи“, стои во наредбата на Трамп.

    САД не се членка на МКС и во неколку наврати отфрлија каква било надлежност на судот врз американските граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира