ТРАМП ВОВЕДЕ ЗЛАТНА ВИЗА ЗА САД ОД МИЛИОН ДОЛАРИ, ВЕЛИ ДЕКА ЛУДО ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ

    ТРАМП ВОВЕДЕ ЗЛАТНА ВИЗА ЗА САД ОД МИЛИОН ДОЛАРИ, ВЕЛИ ДЕКА ЛУДО ЌЕ СЕ ПРОДАВААТКартата ветува добивање престој во САД во рекордно време ако се плати надомест од милион долари (Фото: социјални мрежи)

    Доналд Трамп ја претстави шемата која на богатите странци им нуди брзо добивање американска виза ако платат еден милион долари.

    Картата ќе даде директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени луѓе. Нашите одлични компании конечно можат да го задржат својот непроценлив талент“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Златната карта „Трамп“ е американска виза доделена на оние кои можат да докажат дека ќе обезбедат значителна корист за земјата, според официјалната веб-страница на шемата. Таа ветува добивање престој во САД во рекордно време ако се плати надомест од милион долари. Апликантите исто така се должни да платат неповратна такса од 15.000 долари пред да биде разгледано нивното барање.

    Наскоро ќе биде достапна и платинеста верзија на картата, што нуди специјални даночни олеснувања за пет милиони долари.

    Кога првпат го претстави планот во февруари, Трамп ги опиша визите како слични на зелените карти, кои им овозможуваат на имигрантите со различни нивоа на приходи да живеат и работат трајно во САД. Носителите на зелена карта обично стануваат подобни за државјанство по пет години.

    „Златната карта е насочена кон професионалци од високо ниво. Ние сакаме луѓе кои се продуктивни. Луѓето кои можат да платат пет милиони долари ќе создадат работни места. Ќе се продава како лудо. Тоа е добра зделка“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира