ТРАМВАЈ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ И СЕ ЗАБИ ВО ЗГРАДА ВО БЕЛГРАД, НАД 10 ПОВРЕДЕНИ

    ТРАМВАЈ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ И СЕ ЗАБИ ВО ЗГРАДА ВО БЕЛГРАД, НАД 10 ПОВРЕДЕНИСпоред очевидци, најверојатно причината за несреќата е оставена отворена свртница, поради што трамвајот наместо право продолжил кон спореден колосек, а потоа излетал од шините. (Фото: ТАНЈУГ)

    Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во Белград во населбата Дорќол, кога трамвај излета од шините и се заби во зграда покрај улицата. Во несреќата се повредени повеќе од 10 лица.

    „Трамвајот удри во блиска зграда, при што, за жал, се повредени повеќе патници, како и возачката на трамвајот. Најголемиот број повреди, според досегашните сознанија, се од полесна природа, додека кај двајца патници се констатирани потешки телесни повреди во вид на скршеници на екстремитетите“, соопштија од Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) на Белград.

    Од таму велат дека според прелиминарните информации и досегашните сознанија, постојат индиции дека една од можните причини за несреќата би можел да биде човечки фактор, односно неприлагодена брзина на движење на возилото при минување низ свртницата, како и лоша проверка на положбата на самата свртница.

    Според очевидци, има се сомнеж дека причината за несреќата е оставена отворена свртница, поради што трамвајот наместо право продолжил кон спореден колосек, а потоа излетал од шините.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира