Три деца се во критична состојба по напад со нож во Анеси во југоисточна Франција. Локалните медиуми објавија дека напаѓачот е 32-годишен барател на азил од Сирија.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан ја пофали брзата реакција на полицијата, која го уапсила напаѓачот. Премиерката Елизабет Борн е на пат за Анеси.
Според информациите од полицијата, нападнатите деца се на возраст од околу три години. Нападот се случи на детско игралиште близу познатото градско езеро.
„Вкупно се повредени четири деца и едно возрасно лице, од кои три имаат повреди опасни по живот“, соопшти полицијата на Анеси.