ТРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СПАСЕНО ОД УРНАТИНИТЕ ТРИ ДЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИЗМИР

    ТРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СПАСЕНО ОД УРНАТИНИТЕ ТРИ ДЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИЗМИРТелевизиските снимки го покажаа извлекувањето на тригодишната Елиф од урнатините (Фото: Анадолу)

    Тригодишно девојче е спасено од урнатините на зграда во Измир речиси три дена по силниот земјотрес кој ги погоди Турција и Грција и во кој, според последните информации, загинаа 81 лице.

    Спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат уште осум згради во Измир, каде што загинаа 79 луѓе, додека две жртви имаше и на грчкиот остров Самос.

    Телевизиските снимки го покажаа извлекувањето на тригодишната Елиф од урнатините 65 часа по земјотресот, по што таа беше однесена со амбулантно возило. Двете сестри и братот на Елиф претходно биле спасени заедно со нивната мајка, но едно од децата потоа им подлегнало на повредите.

    „Илјада благодарам на нашиот Господ. Ја извлековме Елиф од станбениот блок“, изјави Мемет Гулуоглу, шефот на турската агенција за справување со катастрофи и вонредни ситуации.

    Во земјотресот се повредени 962 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира