ТРОЈЦА АЛПИНИСТИ ВО САД ЗАГИНАА ПО ПАД ОД 121 МЕТАР, ЧЕТВРТИОТ ПРЕЖИВЕАЛ И ВОЗЕЛ ДО ТЕЛЕФОНСКА ГОВОРНИЦА ЗА ДА ПОБАРА ПОМОШ

    ТРОЈЦА АЛПИНИСТИ ВО САД ЗАГИНАА ПО ПАД ОД 121 МЕТАР, ЧЕТВРТИОТ ПРЕЖИВЕАЛ И ВОЗЕЛ ДО ТЕЛЕФОНСКА ГОВОРНИЦА ЗА ДА ПОБАРА ПОМОШПолицискиот тим за спасување трага по загинатите на планината Северни Каскади во Вашингтон. (Фото АП)

    Алпинист на карпи, кој паднал 121 метар спуштајќи се од стрмниот дол на планините Северни Каскади во Вашингтон, го преживеа падот во кој загинаа неговите тројца придружници, се искачил до својот автомобил во мракот, а потоа се упатил до телефонска говорница за да повика помош, соопштија властите.

    Преживеаниот алпинист, Антон Целих (38), се извлекол од заплетените јажиња, шлемови и друга опрема по падот во вечерта на 11 мај. И покрај тоа што претрпел внатрешно крварење и траума на главата, Целих на текот на најмалку десетина часа успеал да стигне до телефонската говорница, рече полицијата. Алпинистите кои загинаа се Вишну Иригиреди (48), Тим Нгуен (63), Олександер Мартиненко (36), изјави судскиот советник на округот Оканоган.

    Преживеаниот алпинист, Антон Целих (38), се извлекол од заплетените јажиња, шлемови и друга опрема по падот во вечерта на 11 мај. (Фото: АП)

    Властите сè уште не успеале да го интервјуираат преживеаниот, кој е в болница во Сиетл, рече полицијата, па сè уште не се знае многу за падот и патувањето на Целих.

    Ваквите падови што доведуваат до три смртни случаи се исклучително ретки, рече Кристина Вудворт, која го води полцискиот тим за пребарување и спасување. Пред седум години, двајца алпинисти загинаа во пад на Ел Капитан во националниот парк Јосемит во Калифорнија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира