ТРОЈЦА ХРВАТСКИ ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАА ВО ЛАВИНА ВО СЛОВЕНЕЧКИТЕ АЛПИ

    ТРОЈЦА ХРВАТСКИ ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАА ВО ЛАВИНА ВО СЛОВЕНЕЧКИТЕ АЛПИСпасувањето беше отежнато од опасниот терен и лошите временски услови (Фото: Словенечка служба на спасување)

    Словенечките спасувачи ги пронајдоа телата на тројцата хрватски планинари кои исчезнаа вчера по лавина во Јулиските Алпи. Едно од телата беше пронајдено вчера, а останатите две утрово, изјави Миха Арх, водачот на спасувачката акција.

    „Телата се пронајдени закопани метар, метар и пол во снегот. Теренот е многу предизвикувачки, стрмен и карпест, поради што работата на спасувачите беше опасна и отежната. Згора на тоа, постои и опасност од нови лавини. За жал, сите тројца планинари се пронајдени мртви“, изјави Арх.

    Несреќата се случи под 2.275 метри високиот врв Тосц на Јулиските Алпи. Хрватските медиуми објавија дека тројцата настрадани биле дел од група од седуммина планинари. Меѓу загинатите се и двајца браќа од Каштела близу Сплит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира