ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ ЈА ДЕЛАТ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕТО НА РЕАЛНИ ЖИВОТНИ СИТУАЦИИ

    ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ ЈА ДЕЛАТ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕТО НА РЕАЛНИ ЖИВОТНИ СИТУАЦИИСите тројца добитници работат во САД (Фото: АП)

    Дејвид Кард (Канада/САД), Џошуа Ангрист (САД) и Гвидо Имбенс (Холандија/САД) се годинашните добитници на Нобеловата награда за економија.

    Тие ја делат наградата за нивното користење на природни експерименти за да се сфати како се поврзани економските политики и други настани. Природните експерименти користат ситуации од реалниот живот за да се утврди влијанието на владините одлуки.

    „Природните експерименти се насекаде“, изјави Ева Мерк, членка на Нобеловиот комитет кој ја доделува оваа награда.

    Кард, меѓу другото, проучувал како зголемувањето на минималната плата влијае врз вработеноста. Неговите откритија го сменија мислењето на истражувачите дека ваквите зголемувања секогаш водат кон пад на вработеноста. Останатите двајца добитници развија посебен начин на проучување на вакви типови на општествени прашања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира