ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО НЕПОЗНАТИ ОКОЛНОСТИ ВО НОТИНГЕМ, ПОЛИЦИЈАТА ГО БЛОКИРАШЕ ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

    ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО НЕПОЗНАТИ ОКОЛНОСТИ ВО НОТИНГЕМ, ПОЛИЦИЈАТА ГО БЛОКИРАШЕ ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТПолицијата затвори неколку улици во центарот на градот (Фото: ПА)

    Британската полиција објави дека три лица се пронајдени мртви во центарот на Нотингем и извести за уште еден инцидент во кој комбе со обидело да прегази тројца пешаци. Еден маж е уапсен во врска со убиствата.

    Во четири часот по локално време биле пронајдени две тела во една улица во централното градско подрачје, по што полицијата била информирана за инцидентот со комбе во непосредна близина. Уште еден маж е пронајден мртов во друга улица.

    „Ова е ужасен и трагичен инцидент кој однесе три човечки животи. Веруваме дека овие три инциденти се поврзани и еден 31-годишен маж е во притвор во врска со нив. Истрагата сѐ уште е во рана фаза“, изјави шефицата на полицијата Кејт Мејнел.

    Полицијата затвори неколку улици во центарот на градот и го прекина трамвајскиот сообраќај додека се истражуваат инцидентите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира