ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИИ НА ДВА РУСКИ ВОЕНИ АЕРОДРОМА

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИИ НА ДВА РУСКИ ВОЕНИ АЕРОДРОМАЕксплозиите се случија стотици километри од украинската граница

    Неколку луѓе загинаа во мистериозни експлозии на два руски воени аеродрома.

    Цистерна со гориво експлодирала на аеродромот близу градот Рјазан, 240 километри југоисточно од Москва, при што загинале тројца војници, а шестмина се повредени, објави „РИА новости“. Уште две лица биле повредени во експлозија во воздушната база Енгелс-2 во регионот Саратов.

    Причината за експлозиите засега не е позната и тие се случија стотици километри од украинската граница. Во Енгелс-2 се стационирани стратешки бомбардери со долг дострел „Ту-95“ и „Ту-160“, какви што Русија користеше за ракетни напади на Украина.

    Рускиот медиум „База“, кој има извори во безбедносните служби, објави дека Енгелс-2 бил нападнат со муниција со која била гаѓана аеродромската писта. „Астра“, уште еден руски независен медиум, објави дека се оштетени два бомбардера „Ту-95“.

    Кремљ кажа дека Владимир Путин е информиран за инцидентите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира