Три лица загинаа откако вчера се судрија два противпожарни хеликоптера во Јужна Калифорнија додека гаснеа пожар во округот Риверсајд, соопштија службите за итни случаи. Еден од хеликоптерите слетал безбедно.
Хеликоптерите оделе на интервенција врз пожар во близина на автопат, кој се проширил на околната вегетација поради ветер. Додека се бореле со пожарот, двата хеликоптера се судриле.
Несреќата предизвикала дополнителен пожар од 1,6 хектари, кој бил изгаснат.