ЦЕЛА УКРАИНА Е НАША, КАЖА ПУТИН И НАЈАВИ ДЕКА МОЖЕБИ ЌЕ ГО ЗАЗЕМАТ ГРАДОТ СУМИ

    ЦЕЛА УКРАИНА Е НАША, КАЖА ПУТИН И НАЈАВИ ДЕКА МОЖЕБИ ЌЕ ГО ЗАЗЕМАТ ГРАДОТ СУМИПутин кажа дека ги смета Русите и Украинците за еден народ (Фото: Кремљ)

    Владимир Путин изјави дека цела Украина е руска, повторувајќи ги своите империјалистички амбиции. Зборувајќи на економски форум во Санкт Петербург, Путин ја негираше државноста на Украина.

    Јас ги сметам Русите и Украинците за еден народ. Во таа смисла, цела Украина е наша. Каде и да стапне руски војник, тоа е наше“, кажа Путин.

    Тој притоа не ја отфрли можноста за заземање на градот Суми во североисточна Украина, како дел од напорите да се создаде тампон зона во тој пограничен регион.

    Нашата цел не е да го заземеме Суми, но не го отфрлам тоа. Тие се постојана закана по нас, постојано ги гранатираат пограничните области. Русија се бори во Украина за да ја заштити својата безбедност“, рече Путин.

    Суми е оддалечен околу 30 километри од руската граница и Украина од тој регион изврши изненадувачки упад во Курск минатиот август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира