ЦЕНТАРОТ „КЕНЕДИ“ СЕ ЗАТВОРА НА ДВЕ ГОДИНИ ПОРАДИ РЕНОВИРАЊЕ ОТКАКО НЕКОЛКУ УМЕТНИЦИ ГО ОТКАЖАА НАСТАПОТ ОТИ МУ БЕШЕ ДОДАДЕНО ИМЕТО НА ТРАМП

    ЦЕНТАРОТ „КЕНЕДИ“ СЕ ЗАТВОРА НА ДВЕ ГОДИНИ ПОРАДИ РЕНОВИРАЊЕ ОТКАКО НЕКОЛКУ УМЕТНИЦИ ГО ОТКАЖАА НАСТАПОТ ОТИ МУ БЕШЕ ДОДАДЕНО ИМЕТО НА ТРАМПНовиот управен одбор ја преименуваше институцијата во „Меморијалниот центар за изведувачки уметности Доналд Трамп и Џон Кенеди“ (Фото: АП)

    Доналд Трамп објави дека Центарот „Кенеди“ во Вашингтон ќе биде затворен две години поради реновирање. Тој додаде дека затворањето ќе почне на 4 јули.

    Ова следува откако неколку уметници во последно време го откажаа својот настап во престижната институција поради тоа што беше преименувана во „Трамп Кенеди“.

    Набргу откако се врати во Белата куќа, Трамп смени неколкумина членови на управниот одбор на центарот и ги замени со свои сојузници, кои потоа го назначија Трамп за претседател на УО. Новиот одбор потоа ја преименуваше институцијата во „Меморијалниот центар за изведувачки уметности Доналд Трамп и Џон Кенеди“. Минатата недела, таму се одржа премиерата на документарниот филм за Меланија Трамп.

    Одлучив Центарот ‘Трамп Кенеди‘ да биде затворен заради изградба, ревитализација и целосна обнова за да може да стане најдобриот објект за сценски уметности од ваков вид на светот“, кажа Трамп.
    Тој ја нападна физичката состојба на центарот и побара од Конгресот да пренамени 250 милиони долари за негова обнова.

    Некои американски пратеници и правници тврдеа дека Конгресот мора да решава за каква било промена на името на центарот бидејќи е именуван со закон од 1964. И некои членови на семејството Кенеди ја осудија промената на името.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира