Три лица се водат како исчезнати откако силни ветрови и поројни дождови предизвикаа поплави во делови од Грција.
Редот тип на тропска бура, циклонот Зорба, почна вчера и најтешко ги погоди островот Евија, истокот на земјата и полуостровот Пелопонез. Државната телевизија објави дека на Евија исчезнале три лица и дека е покрената голема спасувачка операција во близина на градот Мантуди.
ТВ-снимките покажаа поплавени улици во пошироката област на Коринт и Пелопонез, додека огромни бранови удираат во крајбрежните градови во регионот. Во некои делови се регистрирани ветрови со брзина од 100 километри на час.
„Пелопонез добро се држи, и покрај налетот на овој екстремен временски феномен“, изјави регионалниот гувернер Петрос Татулис, додавајќи дека домови и локалната инфраструктура претрпеле штети.
Цивилната заштита предупреди дека на удар на невремето би можеле да се најдат и северниот и централниот дел на Грција.