Турист кој го посетил норвешкиот арктички архипелаг Свалбарг е казнет со 1.100 долари затоа што се доближил преблиску до морж. Граѓани го пријавиле туристот кај локалните власти откако го виделе како му се приближува на животното. Во Свалбард е забрането да се приближува до животните на каков било начин кој може да ги вознемири.
Моржовите се заштитени во Свалбард од 1952 година кога стана јасно дека има останато само неколку стотини поради лов. Популацијата на моржови расте оттогаш, но видот останува на црвената листа.
Од следната година, норвешката влада воведува забрана за приближување до моржовите на помалку од 150 метри, поради грижи за влијанието на туризмот и климатските промени.