Едно лице загина во ерупцијата на вулкан на малиот италијански остров Стромболи, принудувајќи ги туристите да избегаат од хотелите.
Иако во прв момент беше објавено дека нема повредени, властите кажаа дека еден турист загинал во моментите кога се качувал кон врвот на вулканот.
„Видовме експлозија од хотелот. Тоа беше гласен прасак. Потоа видовме огромен облак од пепел. Цело небо беше во пепел“, изјави Микела Фаворито, вработена во еден хотел на островот.
Голем број туристи се стрчаа во морето откако виделе како пепел излегува од вулканот.
Островот Стромоболи е популарна дестинација за богати и славни, кои тука имаат и имот.