Често поделената турска опозиција се здружи за да избере единствен кандидат кој ќе му се спротивстави на претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите во мај. Тоа ќе биде Кемал Киличдароглу, кој е лидер на главната секуларна опозициска партија, Републиканска народна партија (ЦХП).
Анкетите предвидуваат тесна трка, а поради економската криза и пропустите кои излегоа на виделина по неодамнешниот катастрофален земјотрес, Ердоган изгледа поранливо во споредба со претходните избори.
Познат како Ганди Кемал и турски Ганди, 74-годишниот Киличдароглу беше избран од шестпартиската опозициска алијанса. Тој важи за целосна спротивност на Ердоган, но некои сојузници стравуваат дека нема доволно моќ за привлекување маси. Киличдароглу вети дека ќе ја води Турција со консензус и консултации и дека ќе ја врати во парламентарен систем.
Основана од Мустафа Кемал Ататурк, ЦХП е најстарата политичка партија во земјата, но уште од 1990-ите нема власт на централно ниво. Сепак, Киличдароглу успеа да привлече и малцински групи и десничарски партии.