Турција почна со воздушни напади во северните региони на Сирија и Ирак, соопшти турското Министерство за одбрана. Целта на нападите се курдските групи кои што Турција ги смета за одговорни за минатонеделниот бомбашки напад во Истанбул.
Воени авиони нападнаа бази на курдската организација ПКК и воените единици на сириските Курди СДФ, се вели во соопштението на турското министерство.
Засега нема коментар од сириските групи.
Турција вели дека сака да превенира идни напади и да ја обезбеди јужната граница.
На 13 ноември експлодираше бомба на фреквентна улица во Истанбул при загинаа шест луѓе и повредени беа 80. Турските власти ја обвинија ПКК за нападот, но курдската организација негира дека била вклучена.
Турција и САД ја сметаат ПКК за терористичка група, но не се согласуваат околу статусот на нејзината сириска филијала СДФ, која што се бореше против Исламската држава во Сирија со поддршка од САД.