ТУРЦИЈА НАПАДНА ЦЕЛИ НА КУРДСКИТЕ МИЛИТАНТИ ВО ИРАК И СИРИЈА ОТКАКО ГИ ОБВИНИ ЗА ВЧЕРАШНИОТ НАПАД КАЈ АНКАРА

    ТУРЦИЈА НАПАДНА ЦЕЛИ НА КУРДСКИТЕ МИЛИТАНТИ ВО ИРАК И СИРИЈА ОТКАКО ГИ ОБВИНИ ЗА ВЧЕРАШНИОТ НАПАД КАЈ АНКАРАНиедна група не ја презеде одговорноста за нападот, во кој се убиени петмина луѓе (Фото: АП)

    Турската војска нападна цели во Ирак и Сирија што се поврзуваат со курдската милитантна група ПКК откако турската влада ја обвини за вчерашниот напад кај Анкара, во кој загинаа најмалку петмина луѓе.

    Неколку снимки од нападот покажаа најмалку двајца напаѓачи како пукаат во предворјето на Турската воздухопловна компанија (ТАИ), сместена 40-ина километри од Анкара. Ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот, во кој се ранети 23 луѓе.

    Успешно се уништени вкупно 32 цели што им припаѓаат на терористите“, објави турското министерство за одбрана.

    Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја вчера изјави дека на самото место биле неутрализирани двајца напаѓачи, маж и жена и додаде дека најверојатно е вмешана забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Од цивилните жртви на нападот, четворица се вработени во компанијата и еден е таксист.

    Турските власти им забранија на медиумите да објавуваат детали од нападот и ги предупредија корисниците на социјалните мрежи да не споделуваат снимки од инцидентот.

    ТАИ е најголемата одбранбена и воздухопловна компанија во Турција, која, меѓу другото, има овластување да ги произведува американските борбени авиони „Ф-16“ и има над 10.000 вработени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира