ТУРЦИЈА НЕ ГО ПРИМА НАЗАД ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР И ЌЕ ГО ЗАТВОРИ НЕБОТО ЗА ХОЛАНДСКИ ДИПЛОМАТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Истанбул,(разниизвори)

    ТУРЦИЈА НЕ ГО ПРИМА НАЗАД ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР И ЌЕ ГО ЗАТВОРИ НЕБОТО ЗА ХОЛАНДСКИ ДИПЛОМАТИ

    Турција му забрани на холандскиот амбасадор во Анкара да се врати во земјата и ги суспендираше политичките контакти на високо ниво со Холандија во драматична ескалација на дипломатската криза меѓу двете држави. Заменикот премиер Нуман Куртулмуш, исто така, кажа дека Турција ќе го затвори воздушниот простор за холандски дипломати како одговор на забраната за турски министри да се обратат на собири во Холандија. На холандскиот амбасадор, кој во моментов е на одмор, нема да му биде дозволено да се врати, додаде тој.

    „Има криза и тоа длабока. Ние не ја создадовме оваа криза, ниту ја донесовме на ова ниво“, изјави Куртулмуш на вчерашната прес-конференција.
    Неговите коментари дојдоа неколку часа откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повтори обвинувањата за нацизам и најави дека ќе се жали кај Европскиот суд за човекови права поради третманот на неговите министри. Турскиот претседател, исто така, ја обвини германската канцеларка Ангела Меркел дека поддржува терористи и ја критикуваше нејзината поддршка за Холандија во судирот со Турција околу турската кампања за референдумот во април за контроверзните планови за проширување на неговите овластувања.

    „Госпоѓо Меркел, зошто криете терористи во вашата земја? Зошто не преземате ништо?“ кажа Ердоган во вчерашно интервју за турска телевизија.
    Холандската полиција користеше кучиња и водени топови да ги разбие демонстрантите откако турската министерска за семејство, Фатма Бетул Сајан Каја, беше истерана од земјата, а на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му беше забрането да слета.

    Двајцата министри требаше да се обратат на собир на холандски Турци, многумина од кои ќе можат да гласаат на референдумот на 16 април.
    Претстојните гласања во Турција и Холандија се поврзани со актуелната криза. Во Турција, претседателот Ердоган, кој се пресметува со опозицијата, посебно со новинарите, академиците и јавната администрација по обидот за пуч минатиот јули, се обидува да протурка уставни измени на референдумот следниот месец со кои драстично би се зголемиле неговите моќи. Ако успее референдумот, земјата ќе се трансформира од парламентарна демократија во претседателски систем, со што сите три власти ќе бидат под контрола на Ердоган.

    Во Холандија, утре ќе се одржат парламентарни избори на кои се очекува партијата на десничарскиот политичар Герт Вилдерс ППВ да освои повеќе места од партијата на премиерот Марк Руте ВВД. Вилдерс, користејќи го популистичкиот бран кој го донесе Доналд Трамп во Белата куќа и ја изнесе Велика Британија од ЕУ, ја наметна муслиманската имиграција како главна тема на изборите. Во кампањата, тој вети дека ќе ги затвори џамиите во Холандија и границите за жители на муслиманските држави, ќе се откаже еврото и дека ќе ја напушти ЕУ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира