ТУРЦИЈА УАПСИ ДЕВЕТМИНА НОВИНАРИ ОД ОПОЗИЦИСКИОТ ВЕСНИК „ЏУМХУРИЕТ“

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Истанбул,(ДПА)

    ТУРЦИЈА УАПСИ ДЕВЕТМИНА НОВИНАРИ ОД ОПОЗИЦИСКИОТ ВЕСНИК „ЏУМХУРИЕТ“

    Деветмина новинари, раководители и друг персонал на турскиот опозициски дневен весник „Џумхуриет“ беа формално уапсени за судење по обвинувања за тероризам, јави државната новинска агенција „Анадолу“.

    Меѓу уапсените е главниот уредник Мурат Сабунчу, кој беше приведен со останатите во понеделникот. Приватната новинска агенција „Доган“ јави дека карикатуристот Муса Карт, исто така, е меѓу уапсените.

    Одлуката на судот доаѓа еден ден откако деветмина пратеници на прокурдската Народна демократска партија (ХДП) беа уапсени по разни основи за тероризам, привлекувајќи остри осуди од Европската унија. Турската влада вели дека се справува со лица поврзани со Фетулах Ѓулен, свештеник кој престојува во САД, кого Анкара го обвини за обидот за пуч од 15 јуни. Ѓулен беше долгогодишен сојузник на претседателот Ердоган, се додека двајцата не се разидоа.

    Турција затвори 165 медиуми и во затворите има над 100 новинари. Некои од засегнатите весници и телевизиски станици беа поврзувани со Ѓулен, но многу од нив се курдски. „Џумхуриет“, кој продолжи да излегува неделава и покрај приведувањата, ги потврди апсењата на своите вработени и објави наслов на својот интернет сајт, велејќи дека мерките ќе бидат запаметени како срамота во историјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира