ТУРЦИЈА УПАСИ 115 ЧЛЕНОВИ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА, ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ ЗА ПРОСЛАВИТЕ НА БОЖИК И НОВА ГОДИНА

    ТУРЦИЈА УПАСИ 115 ЧЛЕНОВИ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА, ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ ЗА ПРОСЛАВИТЕ НА БОЖИК И НОВА ГОДИНАВласта изјави дека поддржувачите на ИД активно планирале напади низ Турција оваа недела, особено против немуслимани. (Фото: Гети)

    Турските власти соопштија дека спречиле напади планирани за време на божиќните и новогодишните прослави откако уапсиле повеќе од 100 осомничени членови на групата Исламска држава (ИД). Масовни рации биле извршени на 124 локации низ Истанбул, при што биле запленети огнено оружје, муниција и документи поврзани со организацијата. Власта изјави дека поддржувачите на ИД активно планирале напади низ Турција оваа недела, особено против немуслимани. Полицијата соопшти дека привела 115 лица, додека трае потрага по уште 22 осомничени. Уапсените биле во контакт со припадници на ИД надвор од Турција.

    Оваа акција следи два дена по рацијата на турските разузнавачки служби против ИД на границата меѓу Авганистан и Пакистан. При таа операција бил приведен турски државјанин, осомничен дека имал висока позиција во регионалното крило на ИД и дека планирал напади врз цивили.

    Турските безбедносни служби редовно ги таргетираат луѓето за кои се сомневаат дека се поврзани со ИД. Турција дели граница од 900 км со Сирија, каде што групата продолжува да дејствува во делови од земјата. Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, кој има блиски врски со турската влада, вети дека ќе соработува со САД и Европа за да ги искорени преостанатите елементи на ИД.

    САД започнаа бран воздушни напади врз позициите на групата низ Сирија на 19 декември, како одговор на убиството на тројца Американци. Двајца американски војници и еден цивилен преведувач беа убиени од вооружени лица на ИД за време на заседа претходно овој месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира