ТУРЦИЈА УСВОИ ЗАКОН ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ МИЛИОНИ БЕЗДОМНИ КУЧИЊА ОД УЛИЦИТЕ

    ТУРЦИЈА УСВОИ ЗАКОН ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ МИЛИОНИ БЕЗДОМНИ КУЧИЊА ОД УЛИЦИТЕПпштините ќе мора да ги заловуваат кучињата од улиците и да ги сместуваат во засолништа (Фото: АФП)

    Турскиот парламент усвои закон чија цел е отстранување милиони бездомни кучиња од улиците и нивно сместување во стационари, додека здруженијата за заштита на животни сметаат дека масовна стерилизација би била подобро решение.

    Според законот, предложен од партијата на претседателот Ердоган, општините ќе мора да ги заловуваат кучињата и да ги сместуваат во засолништа. Сите агресивни и болни кучиња ќе бидат евтаназирани. Претходниот закон им налагаше на општините да ги стерилизираат и вакцинираат кучињата и да ги оставаат таму каде што ги нашле.

    Се верува дека во Турција има околу четири милиони улични кучиња, а општините стерилизирале околу 2,5 милиони во изминатите 20 години, стои во нацрт-законот. Моментално, во Турција има само 322 засолништа за животни кои можат да примат 105.000 кучиња. На општините ќе им се даде време до 2028 година да изградат нови стационари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира