ТУРЦИЈА ВЕЛИ ДЕКА Е СПРЕМНА ДА Ѝ ПОМОГНЕ НА САУДИСКА АРАБИЈА ВО КОНФЛИКТОТ СО ХУТИТЕ

    ТУРЦИЈА ВЕЛИ ДЕКА Е СПРЕМНА ДА Ѝ ПОМОГНЕ НА САУДИСКА АРАБИЈА ВО КОНФЛИКТОТ СО ХУТИТЕХутите вршат напади врз Саудиска Арабија откако во јули прогласија поморска блокада на земјата (Фото: АП)

    Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Саудиска Арабија можеби има воени потреби поради тековните напади од јеменските хути и дека Турција е подготвена да помогне во рамките на трилатералниот одбранбен пакт, во кој е вклучен и Пакистан.

    „Гледаме дека се вршат многу сериозни напади врз територијалниот интегритет и суверенитетот на Саудиска Арабија. Имаме договор за сојузништво во рамките на нашиот пакт и покажуваме силна солидарност во овој поглед. Тие можеби имаат одредени воени потреби, особено во однос на некои технички прашања. За нас не би претставувало проблем да излеземе во пресрет на тие потреби“, изјави Фидан.

    Договорот за заедничка одбрана од Мека, потпишан минатиот месец, вели дека вооружен напад врз која било од трите земји ќе се смета за напад врз сите нив.

    Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови на Јемен, вршат напади врз Саудиска Арабија откако во јули прогласија поморска блокада на земјата, отворајќи нов фронт во пошироката војна започната со нападите на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари. Нападите се насочени кон саудиските градови и енергетска инфраструктура и поморскиот сообраќај, загрозувајќи го глобалното снабдување со нафта преку Црвеното Море, кое стана важна рута по затворањето на Ормускиот Теснец.

    Доналд Трамп досега ги одбиваше повиците од Саудиска Арабија да ѝ помогне во борбата против хутите, кои вчера дополнително го ескалираа конфликтот, напаѓајќи го главниот град Ријад со балистички проектили и дронови.

    Неприфатливо е што Саудиска Арабија е вовлечена во војната помеѓу САД и Иран, бидејќи таа немаше желба да се вклучи. До сите страни се пренесени предлози за прекин на борбите. Постојат многу иницијативи, но страните треба да ги прифатат. Економските последици веќе почнаа да ја надминуваат границата на издржливост“, изјави Фидан.

    Пакистан соопшти дека не се воделе разговори за воена реакција од Исламабад во рамките на Договорот од Мека, но додаде дека ќе дејствува кога ќе дојде вистинското време“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира