Француската полиција утрово го привела поранешниот претседател Никола Саркози под обвинение дека во претседателската кампања примил финансиски средства од сега покојниот либиски лидер Муамер Гадафи.
Саркози е вклучен во истрагата која испитува малверзации во финансирањето на неговата кампања во 2007 година. Ова не е првпат полицијата да го испрашува Саркози за овој случај, а претходно во Лондон беше уапсен и неговиот поранешен најблизок соработник Алесандре Џури.
Истрагата ја води Централната канцеларија за борба против корупција и финансиски и фискални малверзации од Нантер, предградие во западен Париз.
Саркози не успеа да се избори за уште еден мандат во 2012 година.
Француските власти отворија истрага во 2013 година поради обвинувањата дека Саркози во кампањата примил незаконски средства од Гадафи.
„Јас сум тој кој го направил Саркози претседател на Франција“, кажа Гадафи во едно интервју од 2011 година.