УАПСЕН БИВШИОТ ПРАТЕНИК НА ЗЛАТНА ЗОРА КОЈ ПОВИКА НА ПУЧ ВО ГРЦИЈА

    УАПСЕН БИВШИОТ ПРАТЕНИК НА ЗЛАТНА ЗОРА КОЈ ПОВИКА НА ПУЧ ВО ГРЦИЈАКонстантинос Барбарусис ја обвини владата за предавство откако го прифати договорот за името (Фото: АП)

    Сега веќе поранешниот пратеник на Златна зора, Константинос Барбарусис, беше уапсен вчера, откако претходно, за време на парламентарната дебата за доверба на владата, ја повика војската да го уапси премиерот Алексис Ципрас.

    Конзервативната опозиција, што ја вклучува и неонацистичката партија Златна зора, го покрена прашањето за доверба на владата, откако таа постигна договор со Скопје за спорот за името. Се очекува договорот утре да биде потпишан.

    „Распарчувањето на Грција започна. Бидејќи оваа влада не ги застапува интересите на својот народ, туку свои лични интереси, ги повикувам воените власти да ја почитуваат својата заклетва и да ги уапсат премиерот Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос“, кажа Барбарусис.

    Овие негови зборови биле сфатени како повик на пуч, по што претседателот на парламентот Вуцис привремено ја суспендираше работата на Златна зора, која потоа го исклучи Барбарусис од своите редови.

    Судските власти кажаа дека за ваков прекршок, не им треба дозвола од парламентот за симнување на имунитетот на Барбарусис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира