УАПСЕН ЕДЕН ОД СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ШВАЈЦАРСКИОТ БАР ВО КОЈ ВО ПОЖАР ЗАГИНАА 40 ЛУЃЕ

    УАПСЕН ЕДЕН ОД СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ШВАЈЦАРСКИОТ БАР ВО КОЈ ВО ПОЖАР ЗАГИНАА 40 ЛУЃЕВо пожарот во барот „Ла Констеласион“ беа повредени 116 луѓе (Фото: АП)

    Швајцарската полиција уапси еден од сопствениците на барот во Кран-Монтана, каде што во пожарот во новогодишната ноќ загинаа 40 луѓе, од кои повеќето под 20 години. Медиумите објавија дека Жак Морети е притворен поради ризик од бегство.

    Во пожарот во барот „Ла Констеласион“ беа повредени 116 луѓе. Оваа недела се откри дека пет години не биле направени безбедносните проверки во барот.

    Против Жак Морети и неговата сопруга Џесика, кои заедно го водеа барот, е покрената кривична истрага. Тие се осомничени за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и за палеж од небрежност, соопшти обвинителството на кантонот Вале. Се верува дека една од најголемите трагедии во историјата на Швајцарија била предизвикана од прскалките поставени на шишиња шампањ кога премногу биле приближени до плафонот, при што се запалила пената за звучна изолација.

    Меѓу жртвите на пожарот имаше државјани на Швајцарија, Италија, Романија, Турција, Франција и Србија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира