ВО БРИСЕЛ УАПСЕН ЕВРОПРАТЕНИКОТ ЈОАНИС ЛАГОС КОЈ ВО ГРЦИЈА ДОБИ 13 ГОДИНИ ЗАТВОР КАКО ЧЛЕН НА ЗЛАТНА ЗОРА

    ВО БРИСЕЛ УАПСЕН ЕВРОПРАТЕНИКОТ ЈОАНИС ЛАГОС КОЈ ВО ГРЦИЈА ДОБИ 13 ГОДИНИ ЗАТВОР КАКО ЧЛЕН НА ЗЛАТНА ЗОРАЛагос беше осуден во октомври заедно со остатокот на раководството на партијата (Фото: Ројтерс)

    Европратеникот Јоанис Лагос, кој се соочува со затвор во Грција поради криминалите поврзани со неонацистичката партија Златна зора, е уапсен од белгиската полиција откако Европскиот парламент му го укина имунитетот.

    Лагос беше осуден во октомври минатата година заедно со остатокот на раководството на партијата, откако Златна зора беше прогласена за криминална организација. Иако доби затворска казна од 13 години, на Лагос му беше дозволено да се врати во Брисел зашто имаше имунитет како пратеник во Европскиот парламент.

    „Крадци, атеисти и анти-Грци ме носат во затвор“, се пожали тој на Твитер, откако неговите колеги во Европскиот парламент му го симнаа имунитетот со 658 гласа „за“ и 25 „против“.

    Златна зора беше на врвот на популарноста за време на големата финансиска криза во Грција во 2012 година и потоа стана озлогласена по нападите врз имигранти и левичарски активисти. По убиството на музичарот Павлос Фисас во 2013 година против партијата беше покрената криминална истрага. Судскиот процес заврши во октомври минатата година, кога лидерот Никос Михалолијакис беше меѓу 39-темина обвинети кои добија затворски казни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира