УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА АНТИТЕРОРИЗАМ НА КАЗАХСТАН, ОБВИНЕТ Е ЗА ДРЖАВЕН УДАР

    УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА АНТИТЕРОРИЗАМ НА КАЗАХСТАН, ОБВИНЕТ Е ЗА ДРЖАВЕН УДАРBезбедносните сили убиле 26 демонстранти, а загинаа 18 полицајци, над 4.000 луѓе се уапсени о протестите изминатава недела. (Фото: АП)

    Поранешниот шеф на казасхстанската агенција за контраразузнавање и антитероризам Карим Масимов е уапсен под обвиненение за обид за државен удар, среде насилните протести за кои претседателот Касим-Жомарт Токаев ги обвинува терористите помогнати од странство. Апсењето на Масимов е објавено денеска од Комитетет за национална безбедност, на чие чело беше тој, но Токаев го разреши изминатава недела.

    Властите велат дека безбедносните сили убиле 26 демонстранти, а загинаа 18 полицајци. Над 4.000 луѓе се уапсени.

    Протестите се распространети низ целата земја и се најголеми од независноста на Казахстан од Советскиот сојуз во 1991. Немирите почнаа на далечниот запад на земјата, против двојното зголемување на цената на горивото и се проширија во најголемиот град Алма Ата, каде демонстрантте ги запалија владините згради.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира