УАПСЕНА СЛАВНАТА ИРАНСКА АКТЕРКА ТАРАНЕХ АЛИДОСТИ ЗАШТО ГИ ПОДДРЖА АНТИВЛАДИНИТЕ ПРОТЕСТИ

    УАПСЕНА СЛАВНАТА ИРАНСКА АКТЕРКА ТАРАНЕХ АЛИДОСТИ ЗАШТО ГИ ПОДДРЖА АНТИВЛАДИНИТЕ ПРОТЕСТИТаранех Алидости снимена на годинашниот Кански фестивал (Фото: АП)

    Иранските власти ја уапсија една од најпознатите актерки во земјата Таранех Алидости откако таа изрази солидарност со антивладините протести. Алидости е приведена под обвинение дека ширела лаги за протестите кои ја зафатија земјата, објавија државните медиуми.

    Минатата недела, таа на Инстаграм ја осуди егзекуцијата на демонстрантот Мохсен Шекари. Тој беше обесен откако властите го обвинија дека за време на протестите блокирал главна улица во Техеран и дека со мачета ранил припадник на паравоените сили. По Шекари, уште еден учесник во протестите беше погубен.

    Неговото име беше Мохсен Шекари. Секоја меѓународна организација која го набљудува ова крвопролевање и не презема ништо е срам за човештвото“, напиша Алидости на Инстаграм.

    Државната новинска агенција ИРНА објави дека Алидости била уапсена зашто не понудила ниеден документ за да го поткрепи своето тврдење. Нејзиниот профил на Инстаграм, каде што има осум милиони следбеници, неодамна беше изгаснат.

    Триесет и осумгодишната Алидости е една од најуспешните ирански актери. Најпозната е по главната улога во филмот „Трговскиот патник“, кој во 2017 доби Оскар за најдобар странски филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира